Rhinostop® HOT

Rhinostop HOT pakovanje - lijek protiv prehlade i gripe

Rhinostop® HOT се употребува за брзо и ефикасно лекување на симптомите на настинка и грип.

Rhinostop® HOT е специјално создадена формулација за сите оние кои немаат време да бидат болни.

  • Брзо и силно ги отстранува симптомите на настинка и грип
  • Се раствора и во топла и во ладна вода

Rhinostop® HOT повеќекомпонентните гранули во кесички, овозможуваат брзо и ефикасно подобрување на здравствената состојба на пациентите и побрзо враќање на нормалното функционирање и извршување на секојдневните активности.

Rhinostop HOT pakovanje - lijek protiv prehlade i gripe

Rhinostop® HOT содржи (во една кесичка):

  • Парацетамол (500 мг) – аналгетик и антипиретик кој ја намалува зголемената телесна тмпература, ја отстранува главоболката, како и болката во мускулите и зглобовите
  • Псеудоефедрин (60 мг) – деконгестив кој го намалува отокот на дишните патишта, ја подобрува нивната проодност, го намалува прекумерниот секрет во носните синуси, го олеснува дишењето

Rhinostop® HOT е збогатен со арома на тропско овошје и грејпфрут

За повеќе информации за несаканите дејства, предупредувања и контраиндикации поврзани со употребата погледнете во Упатството наменето за пациентите.

Што е грип?

Sta je gripa - lijek protiv prehlade i gripe

Грипот (influenca) е многу заразна вирусна инфекција на дишните патишта и органите. Се проценува дека 5-20% од населението  секоја година заболува од грип. Главните карактеристики на грипот се ненадеен почеток и покачена телесна температура, болки во мускулите, болки во грлото и првично сува кашлица (без искашлување на содржината).

Болеста се јавува кај сите возрасти. Иако кај повеќето луѓе болеста трае само неколку дена, кај некои луѓе болеста може да има потежок, посериозен тек, што бара сместување и престој во болница. Грипот може да се претвори во пневмонија, па дури и да доведе до смрт.

Вирусите на грип се поделени во три вида: А, Б и Ц. Видовите А и Б се одговорни за епидемии на болеста што се јавуваат скоро секоја зима. Вирусите од типот А се највирулентни човечки патогени и предизвикуваат најчести и најтешки болести кај луѓето. Побавната мутација на вирусот тип Б со помалку вектори спречува пандемии од грип тип Б. Тип Ц предизвикува лесна или асимптоматска болест. Не предизвикува епидемии и нема значително влијание врз јавното здравје, како што се тип А или Б.

Sta je gripa - lijek protiv prehlade i gripe

Геномот на вирусот на инфлуенца тип А содржи 11 гени кои ја кодираат синтезата на 11 генски производи (протеини), од кои најважни се хемаглутинин (HA) и неураминидаза (NA). HA и NA се наоѓаат од надворешната страна на честичките на вирусот: HA посредува во врзувањето на вирусот со целната клетка на мукозата на респираторниот тракт и влегувањето на вирусниот геном во таа клетка, додека NA е одговорен за ослободување на вирусна содржина од заразените клетки и ширење на инфекцијата до незаразените клетки и лица. HA и NA се исто така антигени, против кои телото развива антитела (важни за развој на имунитет и вакцини), се целно место на дејство на антивирусни лекови и служат како основа за серолошка класификација во подвидови и соеви на вирус тип А (познати се 16 H и 9 N подвидови, но само H 1, 2 и 3,односно N 1 и 2, се забележани кај луѓето).

Видови што лесно се пренесуваат меѓу луѓето (на пример, H1N1) поседуваат HA што се врзува за мукозните клетки во горниот респираторен тракт, како што се носот, грлото или устата. Од друга страна, вирулентни и високо смртоносни соеви (на пример, H5N1 сојот наречен птичји грип) се врзуваат за клетките лоцирани подлабоко, во белите дробови. Оваа разлика во местото на влегување на вирусот е веројатно делумно одговорна за фактот дека вирусот H5N1 предизвикува тешки форми на болеста со вирусна пневмонија (кои се потешки за пренесување), додека H1N1 предизвикува малку поблаги форми на болеста (кои брзо се пренесуваат со кашлање и кивање).

Вирусите на инфлуенца континуирано мутираат и се менуваат, што спречува „старите“ антитела, стекнати по претходна инфекција како резултат на одбранбениот имунолошки одговор на организмот, да препознаат „нови“ (мутирани) вируси и да дејствуваат против нив. Така, истата личност може да добие грип и повеќе пати. Сепак, старите антитела обезбедуваат само краткорочна и делумна заштита од повторна инфекција со вирусот на инфлуенца.

Во моментов, низ светот циркулираат три различни вируси на инфлуенца: два типа А и еден тип Б. Со цел да се спречи болеста, секоја година се подготвува нов вид вакцина што содржи соеви од оние типови вируси за кои се очекува да предизвикаат епидемија во текот на таа година.

Што е сезона на грип?

Грипот секоја година се шири епидемично. Секоја година 3 до 5 милиони луѓе сериозно се разболуваат од грип, од кои умираат од 250 000 до 500 000 луѓе. Во северните и јужните делови на планетата, епидемиите обично се јавуваат во зима (сезонски грип), додека во областите околу екваторот, епидемиите можат да се развијат во кое било време од годината.

Епидемиите од големи размери кои ги преминуваат континенталните граници, познати како пандемии, стануваат сè почести. Во 20 век имало три пандемии на грип: шпански грип од 1918 година (тип А / H1N1), азиски грип од 1958 година (тип А / H2N2) и грип од Хонг Конг од 1968 година (тип А / H3N2). , и секој од нив однел повеќе од милион животи. Таканаречената епидемија свински грип (тип А / H1N1) исто така прераснала во пандемија во 2009 година (покрај луѓето, многу животни можат да заболат од грип; епидемии кај свињи се чести, а птиците се сметаат за основен животински резервоар на вирусот на грип).

Вкупниот број на смртни случаи во пандемијата во периодот 1918-1919 година не е позната, но се проценува на повеќе од 20 милиони луѓе (околу 2,5-5% од вкупниот број на светската популација во тоа време). Современиот начин и динамика на движење на луѓето придонесуваат за побрзо ширење на вирусот и полесно преминување на континенталните граници. Едно научно истражување проценило дека денес една пандемија на грип, предизвикана од видови на вирус со голема вирулентност – слична на онаа од 1918 година, може да убие од 50 до 80 милиони луѓе.

Кои луѓе имаат поголем ризик да заболат од грип?

Луѓето кои имаат поголем ризик да заболат од грип, односно кај кои постои ризик дека грипот може да доведе до компликации кои можат да се развијат во сериозна и опасна болест ги нарекуваме високоризични луѓе. На ваквите лица им се препорачува да се вакцинираат против грип, со цел да се зајакне нивниот имунитет и со тоа значително да се намали ризикот од развој на посериозна, потешка форма на болест со компликации или смрт. Смртта од грип е почеста кај децата (нивниот одбранбен систем е сè уште недоволно развиен) и кај помладите, постарите лица и луѓето со други здравствени проблеми.

Како се дијагностицира грип?

Дијагнозата на грип се поставува врз основа на водечките симптоми и знаци за време на епидемијата на грип. Бидејќи симптомите на грип можат да ги имитираат симптомите на други болести, секогаш е добра идеја да се посети лекар. Вирусна инфекција може да се потврди со анализа на примероци од грло, плунка или нос. Постојат неколку тестови кои можат брзо да утврдат присуство на вирус. Сепак, инфекцијата може да биде присутна дури и ако наодите се негативни. Полимераза верижна реакција (PCR), која открива рибонуклеинска киселина на вирусот е попрецизен метод.

Компликации од грип

Последиците од дејството на вирусите на грип се посериозни и траат подолго од оние предизвикани од вируси на настинка. Во секој случај, повеќето заболени од грип целосно се опоравуваат по една до две недели. Сепак, помал број на пациенти, првенствено луѓе постари од 50 години, бремени жени и мали деца и луѓе од која било возраст кои страдаат од хронични болести или слаб имунитет се подложни на компликации од грип. Компликациите може да вклучуваат вирусна пневмонија и/или бронхитис, секундарна бактериска пневмонија, инфекции на синусите и ушите… Грипот може да ги влоши веќе постоечките хронични здравствени проблеми, особено оние поврзани со респираторниот систем и срцето, како на пр. астма, емфизем, хроничен бронхитис, ангина пекторис, срцева слабост. Пушачите имаат поголема веројатност да заболат од грип и се склони кон посериозен тек на болеста и поголема смртност од грип.

Во некои случаи, автоимуна реакција предизвикана од инфекција со вирус на грип може да придонесе за развој на компликации, како на пр. Guillain-Barreov синдром (губење на рефлекси и парализа на целото тело, кое започнува од нозете, а потоа се шири на горните екстремитети и на лицето). Овој синдром се смета и за редок несакан ефект на вакцината против грип.

Што е настинка?

Sta je prehlada - lijek protiv prehlade i gripe

Настинка (назофарингитис, ринофарингитис или акутна вироза) претставува заразна вирусна болест на горниот респираторен систем. Главно ја напаѓа носната слузница, а во основните симптоми вклучени се: болка во грлото, затнатост или течење на носот, кивање и кашлање. Вирусната настинка може да ги опфати и очите (конјуктивитис) и синусите (синуситис). Обично симптомите исчезнуваат во рок од 7 до 10 дена, иако некои можат да потраат и до три седмици. Во однос на грипот, настинката претставува полесно заболување.

Настинката е една од најчестите болести, причинувајќи повеќе лекарски посети и изостанувања од училиште или од работа, од било кое друго заболување (обична настинка претставува 40% отсутност од работа во САД). Настинката многу брзо се пренесува и шири. Според статичките податоци, возрасна личност во просек настинува 2 до 4 пати годишно, а децата во клас или во група и до 12 пати годишно.

Настинката може да биде предизвикана од  повеќе од 200 различни вируси, што се во состојба да доведат и до воспаление на носната слузница и на грлото. Помеѓу сите тие вируси повеќето настинки се предизвикани од т.н. риновируси (30-80% од случаите), коронавируси (околу 15%), аденовируси (5%), од реткиот хуман параинфлуенца вирус, респираторниот синцицијален вирус, ентеровирусите, метапневмовирусите… Обично присутни се повеќе од еден вирус.

Sta je prehlada - lijek protiv prehlade i gripe

Што е сезонa на настинки?

Склоноста кон заболување од настинка е поголема за време на есен и зима, во периодот од септември до март или април. Меѓутоа, иако преовладува мислењето дека ладното време и ниските температури предизвикуваат настинка, тоа сепак не е точно. Честото заболување за време на овие ладни месеци може да се припише на фактот дека луѓето повеќе време поминуваат во затворени простории и во близина едни со други. Во овој период, изведувањето настава во училиштата, уште повеќе ја зголемува изложеноста на вирусите.

Исто така, во услови на помала влажност на воздухот, доаѓа до сушење на носните канали, што ги прави почувствителни на инфекција, а таквата состојба е погодна за развој и ширење на вирусите.

Кај кои лица е поголем  ризикот од настинка?

Поради неразвиениот имунолошки систем и блискиот физички контакт во училиштата и детските градинки, децата често настинуваат. Секое дете, во просек од една година, настинува од 6 до 10 пати (децата што одат на училиште дури и до 12 пати годишно), додека пак возрасна личност настинува 2-4 пати годишно.

Слабиот имунитет, недостатокот од сон,  се поврзуваат со големиот ризик од развивање на инфекција на риновирусите. Доењето го намалува ризикот од настанување на компликации при акутно воспаление на средното уво и инфекција на долниот дел од респираторниот систем, затоа се препорачува да не се прекинува доењето, дури ни кога новороденчето има настинка.

Како се дијагностицира настинката?

Дијагнозата на повеќето настинки се поставува врз основа на симптомите. Многу ретко се спроведува изолација на вирусите коишто предизвикуваат настинка. Обично, не е можно врз основа на симптомите да се утврди со точност за кој вирус станува збор. Настинката може да наликува на некоја бактериска инфекција, алергија и друга медицинска состојба, затоа секогаш е подобро да се консултираме со лекар.

Компликации од настинка

Настинката е генерално лесна болест, која обично спонтано престанува. Повеќето симптоми се повлекуваат во наредните 7 дена. 50% од болните оздравуваат во рок од 10 дена, а 90% во рок од 15 дена. Настинката може да се искомплицира со секундарна бактериска инфекција, која може да бара третман со антибиотици,  и тоа инфекција на средно уво (во 30% од случаите), и синусна инфекција (во 8% од случаите). Доколку е настинката проследена со висока телесна температура, болка во синусите, зголемени лимфни жлезди и продуктивна кашлица, тоа може да укаже на настанување на компликација, што бара дополнителен третман.

За симптомите на грип и настинка

Кои се симптомите на настинка?

Simptomi prehlade i gripe - curenje iz nosa - visoka temperatura

Симптомите и лекувањето на настинката се опишани уште во древните староегипетски записи – Еберсовиот папирус, кој е најстариот постоечки медицински текст, што датира уште од 16 век п.н.е.

Забележано е дека постојат индивидуални разлики во манифестирањето на симптомите, а најчести симптоми на настинка се:

  • затнат нос или течење од носот
  • чувство на гребење, пецкање, штипење во грлото
  • кивање
  • солзење
  • зголемена телесна температура
  • болка во грлото
  • умерена сува кашлица
  • болки во мускулите и коските
  • главоболка
  • замор
  • чувство на студ/треска
  • водлестиот секрет од носот станува погуст и ја менува бојата во жолтеникав или зеленкаст
Simptomi prehlade i gripe - curenje iz nosa - visoka temperatura

Симптомите на настинка обично започнуваат да се јавуваат во период од два до три дена по навлегувањето на вирусот во организмот и може да се разликуваат во нивното времетраење, од неколку дена до неколку седмици. Настинката обично започнува со чувство на умор, студ, кивање и главоболка. Често се јавува и болка во грлото, по што следуваат и симптоми како што се течење од носот и кашлање, кои се појавуваат во рок од два или повеќе денови. Симптомите можат да започнат во рок од 16 часа по изложувањето на вирусите, а обично  го достигнуваат врвот од 2 до 4 дена по започнувањето на инфекцијата. Обично, престануваат во период од 7 до 10 дена, но понекогаш може да потраат и до три седмици. Просечното траење на кашлицата е околу 2 седмици, а во некои случаи пациентите развиваат и пост-вирусна кашлица, која може да биде присутна и по излекувањето на инфекцијата. Во 35 до 40% од случаите кај децата може да трае подолго од 10 дена, а кај 10% од нив може да трае и подолго од 25 дена. Одреден број на вируси кои предизвикуваат обична настинка, може да доведат и до асимптоматска инфекција. Поради слабиот имунитет кај постарите лица, процентуалноста на асимптоматските инфекции е поголема. Бидејќи симптомите на настинка може да се слични со симптоми на други болести, подобро е да се консултирате со лекар.

Кои се симптомите на грип?

Симптомите на грип прв пат се јасно опишани од Хипократ, пред околу 2400 години. Иако грипот се смета за болест на дишните патишта, симптомите покажуваат опфаќање на целото тело. Главно, болеста го опфаќа грлото. Симптомите обично започнуваат два дена по изложување на вирусот и главно траат помалку од една седмица. Кашлањето и чувството на умор може да потраат и подолго. Со напомена дека постојат индивидуални разлики во пројавувањето на симптоми коишто можат да варираат од поблаги до изразито потешки, а најчестите симптоми на грипот се:

  • Висока телесна температура (најчесто започнува со треска),
  • Главоболка,
  • Течење на нос или затнат нос,
  • Повремено кивање,
  • Кашлање, често силно изразено и отежнато,
  • Болки во мускулите, главно во грбот и нозете,
  • Општ замор,
  • Привремени болки во грлото,
  • Изразита слабост и исцрпеност.

Кај просечна личност симптомите на грип се најизразени третиот ден. Високата телесна температура и болките обично траат три до пет дена, но кашлањето и чувството на умор може да потрае значително подолг период, и по неколку седмици. Иако грипот може да доведе до појава на мачнина, болки во стомакот, повраќање и дијареја, овие симптоми многу ретко се јавуваат кај повозрасните лица, но може да се јават и кај децата и можат да бидат многу изразени кај оние деца коишто се заболени од грип предизвикан од вирусот тип Б. Поимите како што се „стомачен грип“ или „24-часовен грип“, се неточни поими, кои често се користат за да се опишат слични симптоми кај болестите на гастроинтестиналниот тракт, предизвикани од други микроорганизми.

Околу 30% од луѓето кои се болни од грип, немаат симптоми. Од друга страна, грипот може директно да предизвика вирусно воспаление на белите дробови со отежнато дишење. Ако се воспостави дека болниот започнува да заздравува, а притоа повторно му се враќа покачената телесна температура, ова е знак дека можеби станува збор за секундарно, бактериско воспаление на белите дробови.

Како се лекуваат настинката и грипот

Лекување на настинка

Topli napitak za prehladu i gripu - Rhinostop HOT

Во моментов нема антивирусен лек што може да ја излечи настинката или да го скрати нејзиното траење. Исто така, не постои лек што моментално ги ублажува симптомите на настинка и грип. Сепак, голем број на лекови и третмани се достапни за да помогнат во ублажување на симптомите на настинка (симптоматска терапија):

  • лекови без рецепт:
    • повеќекомпонентни комбинирани препарати (главно наменети за лекување на неколку симптоми одеднаш), на пр. Rhinostop®, Rhinostop® HOT
    • деконгестиви (против назална конгестија), на пр. Lynase®
    • антитусици (против сува кашлица) и секретолитици / експекторанси (стимулираат продуктивна кашлица и го олеснуваат искашлувањето),
    • антихистаминици (против зголемено лачење на назална содржина, против кашлица), на пр.. Alerix®,
    • аналгетици и антипиретици (за ублажување на болката и пониска треска), на пр. Paracetamol BOSNALIJEK®
    • орални антисептици (против воспалено грло), на пр. Lysobact® lozenge, Lysobact DUO®, Lysobact Spray®, Lysobact COMPLETE Spray®, Lysobact P Spray®
    • локални препарати како креми или гелови за оштетена / распукана кожа околу ноздрите, на пр. крем. Lysobact® krema
  • одмарањe
  • зголемен внес на течности
  • избегнување на конзумација на алкохол и производи од тутун
Topli napitak za prehladu i gripu - Rhinostop HOT

Препаратите на база на ацетилсалицилна киселина не треба да се користат кај деца со треска, бидејќи тие можат да доведат до развој на Рејевиот синдром (потенцијално многу сериозно, дури и фатално нарушување), кога се користат за време на вирусни инфекции кај деца. Понатаму, експертите не препорачуваат употреба на ацетилсалицилна киселина или каков било препарат што содржи ацетилсалицилна киселина, при каква било вирусна инфекција (како што се грип, осип…) кај деца под 12-годишна возраст

Третман на грип

Лекарот може да утврди специфичен третман на грип врз основа на:

  • возраста на пациентот, целокупната здравствена состојба и претходната медицинска историја
  • видот и степенот на грип и сериозноста на симптомите
  • индивидуална подносливост на одредена фармакотерапија и / или терапевтски процедури
  • очекуван тек на болеста
  • Вашето мислење или склоност

Целта на третманот со грип е да се спречи или олесни развојот на потешки симптоми. Третманот може да вклучува:

  • лекови без рецепт:
    • повеќекомпонентни комбинирани препарати (главно наменети за лекување на неколку симптоми одеднаш), на пр. Rhinostop®, Rhinostop® HOT
    • деконгестиви (против назална конгестија), на пр. Lynase®
    • антитусици (анти-сува кашлица) и секретолитици / експекторанси (стимулираат продуктивна кашлица и го олеснуваат искашлувањето),
    • антихистаминици (против зголемено лачење на назална содржина, против кашлица), на пр. Alerix®
    • аналгетици и антипиретици (ублажување на болката и пониска треска), на пр. Paracetamol BOSNALIJEK
    • орални антисептици (против болки во грлото), на пр. Lysobact® lozenge, Lysobact DUO®, Lysobact Spray®, Lysobact COMPLETE Spray®, Lysobact P Spray®
  • одмарање
  • зголемен внес на течности
  • избегнување на конзумација на алкохол и производи од тутун
  • лекови на рецепт – антивирусни лекови (кои делуваат против вирусот), што понекогаш може малку да го скрати времетраењето на болеста, но тие не можат да го излечат. Постојат четири лекови одобрени за оваа намена. Бидејќи некои од овие лекови имаат нејасен сооднос помеѓу бенефитот и ризиците – не е докажано дека тие го намалуваат ризикот од компликации или хоспитализации, може да предизвикаат некои посериозни несакани ефекти или мора да се користат со претпазливост кај некои групи на пациенти или можат да бидат неефикасни поради резистенција – овие лекови може да ги препише само лекар

Како да разликувате грип од настинка?

Simptomi prehlade i gripe - kako razlikovati gripu od prehlade - curenje iz nosa - visoka temperatura

Грипот и настинката се две различни болести. Настинката е релативно безопасна и обично поминува сама по себе за неколку дена, иако понекогаш може да се појават компликации, најчесто инфекции на ушите. Грипот е малку посериозна болест, која исто така може да предизвика компликации, како што се пневмонија, па дури и смрт. За разлика од грипот, симптомите на настинка се повеќе резултат на имунолошка реакција на инфекцијата отколку оштетување на ткивото предизвикано од самиот вирус.

Сепак, симптомите на грип и настинка често се преклопуваат и оваа разлика треба да се препознае, со подетално следење на симптомите може да се олесни правилната дијагноза. Иако неспецифични, најчести симптоми на грип се треска и кашлица, барем кај луѓе под 60 години, додека при настинка, кашлицата е полесна (отсуствува во 50% од случаите), температурата е помалку изразена, додека преовладуваат симптомите на горната респираторна мукоз, нос и грло.

Simptomi prehlade i gripe - kako razlikovati gripu od prehlade - curenje iz nosa - visoka temperatura
СИМПТОМ НАСТИНКА ГРИП
Температура Реткo кај возрасни – обично благо покачени,

често кај мали деца и постари лица и лица со нарушено здравје

Секогаш високо

(повисока од 39 ° C најмалку 3-4 дена)

Затнат нос Обично Понекогаш
Течење на носот Обично Ретко
Кивање Обично Понекогаш
Воспалено грло Обично Понекогаш
Кашлица Лесна до умерена сува кашлица

(без кашлање секрети)

Честа, сува кашлица

што обично се претвора во продуктивно

Главоболка Понекогаш Вообичаено, долготрајно
Болки во мускулите и коските Понекогаш, благ Вообичаено, често силно
Замор и општа слабост Многу благ Изразено, тие можат да траат до 2 до 3 недели
Екстремна исцрпеност Никогаш На почетокот и за време на болеста


УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТОТ

Topli napitak za prehladu i gripu - Bosnalijek

Пред употреба на лекот внимателно причитајте го упитството!

  • Можете да го купите овој лек без лекарски рецепт. Треба да ги следите напатствијата кои се содржани во ова упатство со цел да добиете најдобри резултати со употребата на овој лек.
  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Ако имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот доктор или фармацевт.

 

Во ова упатство можете да прочитате:

  1. Што претставува Риностоп ХОТ и за што се употребува
  2. Што мора да знаете, пред да употребите Риностоп ХОТ
  3. Како да се употребува Риностоп ХОТ
  4. Можни несакани дејства
  5. Како да се чува Риностоп ХОТ
  6. Дополнителни информации

Риностоп® ХОТ е аналгетик (ја намалува болката), антипиретик (ја намалува покачената температура) и назален деконгестив (ја намалува назалната конгестија).

Риностоп® ХОТ се користи како терапија за симптомите на настинка и грип.

Предупредете го Вашиот доктор ако земате други лекови, имате некоја хронична болест, некое пореметување во метаболизмот, ако сте пречувствителни (алергични) на лекови или сте имале алергиска реакција на некои од нив.

 

Не земајте Риностоп® ХОТ

  • Ако сте алергични кон парацетамол, псеудоефедрин или кон било кој од составните делови на овој лек (наведени во дел 6).
  • Ако земате или сте земале инхибитори на моноаминооксидазата (MAO) во последните 14 дена.
  • Ако сте бремени или доите (видете “Бременост и доење”).
  • Ако сте особа (дете) под 12 години возраст.
  • Ако имате манифестна инсуфициенција на глукозо-6-фосфат дехидрогеназа.
  • Ако страдате од сериозна форма на следниве заболувања:
  • Коронарна срцева болест (ангина, претходен срцев напад);
  • Хипертензија (висок крвен притисок);
  • Аритмии (неправилна срцева работа);
  • Инсуфициенција на хепарот;
  • Инсуфициенција на бубрезите;
  • Астма;
  • Дијабетес;
  • Нарушувања во мокрењето предизвикани од хипертрофија на простатата или други заболувања;
  • Хемолитичка анамеија (низок број на црвени крвни клетки).
  • Ако имате хипертиреодизам (зголемена функција на тиреоидејата).
  • Ако имате глауком (затворен агол) (покачен притисок во окото).
  • Ако имате феохромоцитом (тумор на адреналната жлезда).
  • Ако земате трициклични антидепресиви (се користат за терапија на депресија).
  • Ако земате бета-блокатори (лекови за срцето).
  • Ако земате други симпатомиметички лекови.

 

Бидете особено претпазливи со Риностоп® ХОТ

Во тек на терапијата со Риностоп® ХОТ, не смеете да земете било кој друг лек кој содржи парацетамол, затоа што е можна појавата на сериозни несакани реакции ако оваа активна материја се зема во високи дози.

 

Ризикот од сериозни несакани ефекти исто така се зголемува кога парацетамол се зема заедно со други аналгетици (лекови за намалување на болката) и антипиретици (лекови за намалување на покачената телесна температура). Поради тоа, треба да избегнувате истовремена примена на Риностоп® ХОТ и овој тип медицински производи.

 

Треба да го консултирате Вашиот доктор пред да го земете овој лек ако имате било кои од следниве заболувања/нарушувања:

Риностоп® ХОТ треба да се применува со претпазливост кај пациенти со:

  • оштетување на бубрезите;
  • оштетување на хепарот;
  • акутен хепатитис (нарушена функција на хепарот);
  • дефицит на глукозо-6-фосфат дехидрогеназа;
  • хемолитичка анемија (низок број на црвени крвни клетки);
  • хронична малнутриција и дехидратација (недостиг од телесни течности);
  • кардиоваскуларно заболување, тахикардија (забрзан срцева работа) или палпитации, ангина (болка во градите), аритмии (неправилен срцев ритам);
  • дијабетес мелитус;
  • хипертрофија на простатата која предизвикува пореметување во мокрењето;
  • психоза (губење на чувството за реалност);
  • хипертиреоидизам (зголемена функција на тиреоидејата);
  • астма;
  • глауком (покачен притисок во окото);
  • хипертензија (висок крвен притисок).

 

Не земајте истовремено други лекови кои содржат парацетамол поради ризикот од сериозно оштетување на хепарот во случај на предозирање.

Треба да се избегнува алкохол додека се зема овој лек, затоа што алкохолот заедно со парацетамолот може да предизвика хепатално оштетување.

Парацетамол треба да се администрира со претпазливост кај пациентите со зависност кон алкохол.

Овој медицински производ треба да се дава со претпазливост кај пациентите кои земаат други лекови кои влијаат на функцијата на хепарот.

При терапија со перорални антикоагуланси (превенираат згрутчување на крвта) се препорачува да се намалат дозите.

Неопходно е да се консултира Вашиот доктор ако веќе сте биле на терапија со други лекови.

Во случај на операција, се препорачува терапијата да се прекине неколку дена пред зафатот, поради зголемениот ризик од хипертензивна криза (сериозно висок крвен притисок) ако се применат халогенирани анестетици.

 

Битно е да се знае:

Ако сте спортист: примената на овој лек без терапевтска потреба се смета за допинг и може да доведе до позитивен анти-допинг тест.

 

Треба да го консултирате Вашиот доктор ако:

  • болката или назалната конгестија се влошуваат или траат подолго од 5 дена (или ако симптомите не се подобруваат во тек на 5 дена);
  • треската се влошува или трае повеќе од 3 дена;
  • присутни се црвенило или оток, или ако се појават нови симптоми.

 

Исто така, пред да почнете да земате било кој друг лек, контактирајте го Вашиот доктор или фармацевт.

 

Земање на други лекови со Риностоп® ХОТ

Имајте на ум дека оваа информација може да се однесува на лекови кои повеќе не ги користите, како и на лековите кои планирате да ги употребите во иднина.

Информирајте ги Вашиот доктор или фармацевти ако земате или неодамна сте земале било кој друг лек, вклучувајќи лекови кои се достапни без лекарски рецепт.

 

Интеракциите на лекот кои можат да бидат предизвикани од секоја компонента се добро познати и се наведени подолу. Нема индиции дека ова може да се промени при комбинирана примена.

 

Администрацијата на парацетамол може да интерферира со одредувањето на мочната киселина (со користење на методот на фосфотунгстична киселина) и со тој на глукоза во крвта (со метод на глукозо-оксидаза-пероксидаза).

 

Риностоп® ХОТ треба да се применува со екстремна претпазливост и под строга контрола во тек на хроничен третман со медицински производи кои можат да предизвикаат индукција на хепаталните ензими (монооксигеназа) или во случај на експозиција на супстанци кои можат да имаат ваков ефект (на пр. рифампицин, циметидин, ранитидин).

 

Парацетамол

Антикоагулантниот ефект на варфарин (инхибира згрутчување на крвта) и другите кумарински деривати може да биде зголемен при редовна, пролонгирана примена на парацетамол, со зголемен ризик од крварење. Повремена примена на парацетамол нема значаен ефект.

Хепатотоксичните супстанци можат да ја зголемат можноста од кумулирање на парацетамолот и предозирање.

Ризикот од хепатотоксичност од парацетамолот може да се зголеми со медицински производи кои предизвикуваат индукција на хепаталните ензими (микрозомалните) како што се барбитуратите, антиепилептиците (на пр. фенитоин, фенобарбитон, карбамазепин, глутетимид) и медицинските производи за терапија на туберкулоза (на пр. рифампицин и изонијазид).

Метоклопрамид и домперидон (се користат за терапија на гадење и повраќање) можат да ја зголемат брзината на ресорпција на парацетамолот преку покачување на неговите плазматски нивоа.

Полуживотот на хлорамфеникол (антибиотик) може да биде пролонгиран од парацетамолот.

Парацетамолот може да ја намали биорасположивоста на ламотригин (за третман на епилепсија), со можно намалување на неговите ефекти, поради можната индукција на неговиот метаболизам во хепарот.

Холестирамин (за намалување на нивото на масти во крвта) може да ја намали апсорпцијата на парацетамол. Холестирамин не смее да се администрира помалку од еден час по администрацијата на парацетамол.

Истовремена примена на парацетамол со зидовудин (за терапија на СИДА или инфекција со ХИВ) може да предизвика неутропенија (низок број на бели крвни клетки) и да го зголеми ризикот од оштетување на хепарот.

Терапија со пробеницид за гихт го намалува клиренсот на парацетамолот, поради тоа при истовремен третман дозата на парацетамол може да биде намалена.

Хепатотоксичноста на парацетамол може да биде потенцирана со прекумерен внес на алкохол.

 

Псеудоефедрин

Лековите кои се користат за терапија на депресија од групата на инхибитори на моноаминооксидазата: псеудоефедрин може да го потенцира дејството на инхибиторите на моноаминооксидазата и може да индуцира хипертензивни кризи (висок крвен притисок, многу висока температура на телото, главоболка).

Риностоп® ХОТ поради тоа е контраиндициран кај пациенти кои земаат или земале инхибитори на МАО во последните 2 недели.

Псеудоефедрин може да го намали ефектот на другите антихипертензивни лекови (на пр. дебризоквин, гванетедин, резерпин, метилдопа). Може да се зголеми ризикот од хипертензија (висок крвен притисок) и други кардиовасуларни несакани ефекти (на срцето и крвните садови).

Халогенирани анестетици: псеудоефедрин може да влезе во интеракција со халогенираните анестетици.

Истовремена примена на псеудоефедрин со други симпатомиметици или со трициклични антидепресиви (се користат за терапија на депресија) може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни несакани ефекти (на срцето и крвните садови).

Истовремената употреба на псеудоефедрин со дигоксин и кардиотонични гликозиди (за терапија на проблеми со срцето) може да го зголеми ризикот од неправилна срцева работа или срцев напад.

Ергот алкалоидите (ерготамин и метизергид) (за терапија на мигрена): истовремена примена може да го предизвика зголемен ризик од ерготизам (труење следено со чешање, мускулна слабост, проблеми со варењето храна, спазми и можна гангрена на прстите и стопалата поради спазми на крвните садови).

Истовремена примена на линезолид (антибиотик) може да го зголеми ризикот од висок крвен притисок.

Истовремена примена на мидодрин (за покачување на крвниот притисок) може да го зголеми хипертензивниот ефект на мидодринот.

За можните несакани ефекти предизвикани од нивната интеракција, поврзаноста на псеудоефедрин со некои лекови е можна само под строга контрола на доктор кој ќе го евалуира односот ризик/корист во индивидуалните случаи.

 

Земање на Риностоп® ХОТ со храна и пијалоци

Нема специјални забелешки.

 

Бременост и доење

Прашајте го Вашиот доктор или фармацевт за совет пред да земете било каков лек.

 

Риностоп® ХОТ не смее да се употребува во тек на бременоста и/или доењето.

Исто така, Риностоп® ХОТ треба да се избегнува ако се сомневате на бременост или планирате да забремените.

 

Не е специфично испитувана безбедноста на Риностоп® ХОТ во тек на бременоста и доењето. Достапните податоци за потенцијалните ефекти на секоја индивидуална компонента врз бременоста и доењето се наведени подолу.

 

Бременост

Епидемиолошките студии во текот на бременоста не покажале несакани ефекти од парацетамолот применет во препорачаните дози.

Студиите во однос на репродуктивниот потенцијал по перорална администрација не покажале знаци на малформација или фетотоксичност. При нормални услови на примена, парацетамол може да се администрира во текот на бременоста по разгледување на односот корист/ризик.

Постојат ограничен број на податоци за употребата на псеудоефедрин кај бремени жени. Вазоконстрикцијата на крвните садови на матката и намалениот проток на крв низ матката поради употребата на псеудоефедрин може да предизвикаат фетална хипоксија (намален прилив на кислород). Употребата на псеудоефедрин во тек на бременоста е контраиндицирана.

 

Доење

И парацетамолот и псеудоефедринот минуваат во мајчиното млеко во мали количини. Поради тоа што нема податоци за поврзаноста на двете супстанци, Риностоп® ХОТ треба да се избегнува во тек на доењето.

 

Фертилитет

Ефектите на Риностоп® ХОТ врз фертилноста не се специфично испитувани. Претклиничките студии со парацетамол не укажуваат на било каков особен ризик по фертилноста при терапевтски релевантни дози. Нема доволно студии во однос на токсичноста во однос на репродуктивните процеси изведени со псеудоефедрин.

 

 

 

 

 

Управување со возила и ракување со машини

DТригоник, лек со можно влијание врз психофизичките способности (предупредување при управување со моторни возила и машини).

 

Не се изведени студии за способноста за управување возила и користење машини.

Ако Ви се појави замаеност додека примате Риностоп® ХОТ, не треба да се управува со возила или да се ракува со машини.

 

Други предупредувања

Риностоп® ХОТ содржи аспартам (E 951) кој е извор на фенилаланин. Тој може да биде штетен кај луѓе со фенилкетонурија.

Риностоп® ХОТ содржи сахароза. Во случај на неподносливост кон некои шеќери, консултирајте го Вашиот доктор пред да отпочнете да го земате овој лек.

Риностоп® ХОТ содржи сорбитол (E 420). Во случај на неподносливост кон некои шеќери, консултирајте го Вашиот доктор пред да отпочнете да го земате овој лек.

Употребувајте го лекот според тоа како Ви препорачал Вашиот доктор.

Ако не сте сигурни, ве молиме, консултирајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

 

Земајте го овој лек според внатрешното упатство.

Ако мислите дека овој лек има премногу јак или премногу слаб ефект, консултирајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

 

Дозирање

Возрасни и деца над 12 години возраст: 2-3 ќесички на ден. Содржината на ќесичката треба да се раствори во чаша со вода. Исто така може да се користи и топла вода.

 

Предупредување: не ја надминувајте препишаната доза освен ако така не Ви препорачал Вашиот доктор.

 

Деца: Риностоп® ХОТ не се препорачува за употреба кај деца под 12 години возраст (видете дел “Не земајте Риностоп® ХОТ“).

 

Времетраење на третманот

  • За возрасни пациенти до 5 дена.
  • За педијатриска популација (на возраст од 12-18 години) до 3 дена.

 

Предупредување: да се користи само во краток период од терапијата.

 

Консултирајте се со Вашиот доктор ако нарушувањето често се повторува или сте забележале било какви промени во неговите карактеристики.

 

Метод на администрација

Риностоп® ХОТ е наменет за перорална употреба (преку уста).

Содржината на ќесичката треба да се раствори во чаша со вода и веднаш да се испие. Исто така може да се користи и топла вода.

 

Ако земете повеќе Риностоп® ХОТ отколку што треба

Ако земете поголема доза од лекот отколку онаа што Вие препишана, веднаш контактирајте го Вашиот доктор или фармацевт!

 

Во случај на предозирање, најважни ќе бидат симптомите кои се предизвикани од предозирањето со парацетамол.

 

Парацетамол

Кај возрасните, максималната дневна доза на парацетамол е до 4 g. Над овој лимит постои ризик од дозно-зависна хепатотоксичност. Во случај на акутно предозирање, парацетамол може да манифестира хепатотоксичен ефект или дури да предизвика некроза на хепарот. Предозирањето со парацетамол, вклучувајќи високи дози на вкупна доза постигнато во тек на пролонгиран временски период, може да резултираат со нефропатија (оштетување на бубрезите) со иреверзибилно оштетување на хепарот.

Не земајте истовремено други лекови кои содржат парацетамол.

Постои ризик од труење, особено кај постари субјекти, кај деца, кај пациенти со заболување на хепарот, во случај на хроничен алкохолизам, кај пациенти со хронична малнутриција и кај пациенти на терапија со индуктори на ензимски системи.

Предозирањето со парацетамол може да предизвика откажување на хепарот (недоволна активност), енцефалопатија (оштетување на мозокот), кома и смрт.

Симптомите на предозирање со парацетамол во првите 24 часа се бледило на кожата, гадење, повраќање и анорексија. Првата индикација на оштетување на хепарот може да биде абдоминална болка, која најчесто не е евидентна во тек на 24-48 часа и понекогаш може да биде одложена до 4-6 дена по внесот на лекот. Оштетувањето на хепарот најчесто го постигнува максимумот 72-96 часа по ингестијата.

Можат да се јават абнормалности на метаболизмот на глукозата и метаболна ацидоза (кога имате премногу киселина во Вашата крв).

Може да се развие акутно бубрежно откажување (недоволна функција на бубрезите) со акутна тубуларна некроза (сериозно оштетување на бубрезите) дури и во отсуство на сериозно оштетување на хепарот.

Пријавени се срцеви аритмии (пореметување на срцевиот ритам) и панкреатитис (пореметување на панкреасот).

Од особено значење е итен медицински третман во менаџирањето на предозирањето со парацетамол.

Рана администрација на N-acetylcysteine (i.v. или на уста) како антидот на парацетамол, можна гастрична лаважа и/или перорална администрација на метионин, може да има корисни ефекти најмалку до 48 часа по предозирањето.

Администрирање на активен медицински јаглен и мониторирање на респирацијата и активната циркулација може да биде корисно.

Во случај на напади, може да се администрира дијазепам.

 

Псеудоефедрин хидрохлорид

Поради природата на овој симпатомиметски лек, предозирањето со псеудоефедрин доведува до стимулација на централниот нервен систем. Симптомите се иритабилност, немир, агитираност, тремор, напади, палпитации, хипертензија (висок крвен притисок) и тешкотија при мокрењето.

Но, севкупно, податоците укажуваат дека псеудоефедрин добро се поднесува и е безбеден кога се применува како назален деконгестив (ја намалува назалната конгестија) во препорачаните дози, и не предизвикува иреверзибилна токсичност дури и при значајно предозирање.

Во случај на многу сериозно предозирање, потребна е контрола на нападите. Како антиконвулзив и седатив може да се користи дијазепам. Потребно е да се превземат мерки за поддршка на дишењето. Може да се применат бета-блокатори да се лимитираат можните несакани ефекти како што се тахикардија (забрзана срцева работа), аритмија (неправилен срцев ритам) и хипокалемија (намалени нивоа на калиум во крвта). Ако е потребно, може да се обидете да го отстраните лекот со изведба на гастрична лаважа. За забрзување на елиминацијата на псеудоефедрин, може да се примени дијализа или кисела диуреза (закиселување на урината).

Може да биде потребна катетеризација на бешиката.

 

Ако случајно/ненамерно сте земале преголема доза од Риностоп® ХОТ, известете го веднаш Вашиот доктор или контактирајте ја најблиската болница.

 

Ако сте заборавиле да земете Риностоп® ХОТ

Ако сте заборавиле да го земете лекот, не земајте веднаш двојна доза од истиот, туку продолжете да го земате лекот според вообичаениот распоред.

 

Нема дополнителни забелешки.

 

Ако сте престанале да земате Риностоп® ХОТ

Земајте го овој лек онолку долго колку Ви препишал Вашиот доктор.

 

Нема дополнителни забелешки.

 

Ако имате било какви дополнителни прашања за примената на Риностоп® ХОТ, прашајте го Вашиот доктор или фармацевт.

Како и сите лекови, и Риностоп® ХОТ може да предизвика несакани ефекти, иако не секој ги добива.

 

Несаканите ефекти се претставени во следниот текст, според органски системи и категорија на честоти на јавување.

Честотата на несакани ефекти е дефинирана според следново: ретки – зафаќаат 1 до 10 пациенти на 10 000, многу ретки - зафаќаат помалку од 1 на 10 000; непознато- честотата не може да се процени врз основ на достапните податоци.

 

Крв и нарушување на лимфниот систем

Многу ретки: тромбоцитопенија, агранулоцитоза, леукопенија, панцитопенија.

 

Нарушување на имуниот систем

Ретки: хиперсензитивност, ангиоедем (тешка алергиска реакција следена со отекување на лицето, усните, јазикот или грлото, што предизвикува потешкотија при голтањето и дишењето).

Непознато: анафилактични реакции, (Stevens Johnson-ов синдром, токсична епидермална некролиза).

 

Психијатриски нарушувања

Ретки: нервоза, несоница, анксиозност, агитираност, ретко се пријавени халуцинации, особено кај деца.

 

Нарушувања на нервниот систем

Ретки: вртоглавица, главоболка, тремор.

 

Срцеви нарушувања

Ретки: тахикардија (забрзана срцева работа), палпитации.

 

Васкуларни нарушувања

Ретки: висок крвен притисок.

 

Гастроинтестинални нарушувања

Ретки: повраќање, сува уста, гадење.

 

Хепатобилијарни нарушувања

Ретки: покачени вредности на хепаталните ензими.

 

Кожа и нарушувања на субкутаноото ткиво

Ретки: исип, еритем, уртикарија, пруритус.

Многу ретки: пријавени се сериозни реакции по кожата.

 

Бубрежни и уринарни нарушувања

Ретки: уринарна ретенција, особено кај пациенти со хипертрофија на простатата.

 

Пријавени се следните несакани дејства: препотување, жед, прекордијална болка (болка во градите), потешкотија при уринирање, мускулна слабост, мидријаза (дилатирани пупили), гастрични проблеми, вентрикуларни аритмии (неправилна срцева работа), еритема мултиформе (сериозни реакции на кожата), ларингеален едем, анафилактичен шок (акутна, сериозна реакција на хиперсензитивност), анемија, абнормална хепатална функција, хепатитис (нарушена работа на хепарот), акутно бубрежно оштетување, интерстицијален нефритис (тип на воспаление на бубрезите), хематурија (крв во урината), анурија (прекин на мокрењето).

 

 

Пријавување на сомнителни несакани дејства од лекот

Во случај на било какви несакани реакции по примената на лекот, потребно е да го информирате Вашиот доктор или фармацевт. Ова ги подразбира сите можни несакани реакции кои не се наведени во ова упатство, како и оние кои се наведени.

Да се чува подалеку од дофат и поглед на деца.

Да се чува на температура до 30°C.

Рок на траење: 36 месеци.

Да не се користи Риностоп® ХОТ по истекот на рокот на траење наведен на пакувањето.

 

Не ги фрлајте лековите во водоводот или канализацијата. Прашајте го Вашиот фармацевт како да се осободите од лековите кои повеќе не ги користите. Овие мерки ќе помогнат во зачувување на околината.

Што содржи Риностоп® ХОТ

1,5 g гранули за перорален раствор (1 ќесичка) содржи:

Парацетамол 500 mg

Псеудоефедрин хидрохлорид 60 mg

 

Риностоп® ХОТ ги содржи следниве ексципиенси: сахароза, лимонска киселина, арома на тропско овошје, арома на грејпфрут, сорбитол (E420), аспартам (E951), сукралоза, натриум сахаринат, полисорбат 20, прашок од цвекло, рибофлавин натриум фосфат.

 

Како изгледа Риностоп® ХОТ и содржина на пакувањето

Жолти до темно-жолти гранули.

Термоформирани ќесички од повеќеслојна фолија.

Пакување со 8 ќесички.

 

Начин на издавање

Лекот се издава без лекарски рецепт (БР).

 

Производител

БОСНАЛИЈЕК, фармацевтска и хемиска индустрија, акционерско друштво, Јукичева 53, Сараево, Босна и Херцеговина.

 

Носител на одобрението за промет во Република Македонија

Претставништво БОСНАЛИЈЕК Д.Д. во Република Македонија, бул. Партизански Одреди бр.101, 1000 Скопје, Република Македонија.

 

Број и датум на решение за ставање на лекот во промет:

 

11-1521/2 од 15.10.2019

 

Датум на ревизија на текст:

 

Февруари, 2019 година.

Најчесто поставувани прашања

Rhinostop HOT

Јас сум вработен како таксист, работам во различни временски и климатски услови, контактирам со многу луѓе и ми се случува често да настинувам, околу десет пати годишно. Затоа, јас често користам различни лекови за да се ослободам од непријатните симптоми на настинка, но по некогаш се чувствувам поспан, понекогаш до неможност за возење, што не е пожелно за мојата работа. Мојот лекар ми укажа дека ова е можен несакан ефект на лековите што ги земав и ми препорача да побарам во аптека лекови за симптоми на настинка и грип кои не предизвикуваат поспаност. Што ме советуваш?

Вистина е дека некои производи што се користат при само-лекување на настинка и грип и кои се купуваат во аптеките содржат компонента хлорфенамин, што го прави човекот да се чувствува поспано. Rhinostop® HOT, кој не содржи компоненти што можат да предизвикаат споменати несакани ефекти, се препорачува за луѓе кои управуваат моторни возила, уреди, управуваат со разни алатки и машини или извршуваат задачи што бараат будност, концентрација и внимание.

Rinostop HOT

Ве молам за еден совет. Имам 31 година, јас сум домаќинка и сум мајка на три училишни деца. Се борам со хроничен синузитис и сите симптоми се влошуваат со настинки, кои се доста чести. Тогаш чувствувам дека целата глава ми е исполнета со огромна количина на течност, поради што имам главоболка во пределот на челото и носот. Јас земам антибиотик по препорака на лекар кога станува збор за влошување на синузитисот, но најтешко ми е во зима кога преовладуваат епидемии на студ. Немам проблем со кашлица онолку колку што чувствувам дека ми е запушена целата глава, а со главоболка ме прави неспособна да извршувам дури и минимални активности низ куќата. Исто така, настинките траат долго, по 10 дена, а симптомите се најтешки ноќе. Неодамна видов Rhinostop HOT реклама во аптека. Дали е ова производ што ќе ми помогне?

Rhinostop® HOT содржи комбинација на Парацетамол и Псеудоефедрин, две компоненти што можат да ви помогнат. Rhinostop® HOT е наменет за третман на симптоми на настинка и грип кај тешки симптоми на затнат нос, главоболка како резултат на отечен и непрооден нос и синуси исполнети со прекумерни секрети. Елиминирањето на овие непријатни симптоми ќе ви го олесни спиењето. Псеудоефедрин го намалува лачењето од носот и синусите, ја подобрува нивната проодност и го олеснува дишењето, додека парацетамолот ги ублажува главоболките од настинки и грип, како и други болки присутни, особено во зглобовите и мускулите. Оптималниот состав и концентрацијата на активните компоненти помагаат да се намалат симптомите на носот и синусите, кои најчесто се јавуваат многу рано кај вирусни инфекции на респираторниот систем и кои се манифестираат како чувство на тежина во главата и синусните болки. Rhinostop® HOT доаѓа во форма на кесичка со гранули кои се раствораат во чаша со топол или ладен напиток. Пиење доволно течности и добра хидратација е важно во лекувањето на симптомите на воспаление на горниот респираторен тракт, така што напиток Rhinostop® HOT ќе ви донесе двојна корист.

Rhinostop HOT

Јас имам 42 години, здрав сум и напредувам во мојата менаџерска кариера. Мојот приход е врзан за резултати и поминувам многу време работејќи на терен. Во есен и зима, поради честите температурни промени со престој во топли и загреани простории и надвор на студен воздух, лесно настинувам - органите за дишење ми се преосетливи и често сум принуден да останам дома. Дали има некој производ што можам да го купам сам во аптека, кој брзо ќе ги отстрани симптомите на настинка, така што ќе можам непречено да работам?

Бидејќи сте многу зафатени и отсуството од работа е еден вид луксуз што не можете да си го дозволите, Rhinostop® HOT може да биде вистинското решение за вашите проблеми. Rhinostop® HOT е многу лесен за нанесување, бидејќи станува збор за кесичка со гранули, кои се раствораат во чаша ладен или топол пијалок. Растворениот парацетамол, во форма на топол пијалок, делува неколку пати побрзо од парацетамолот во стандардните таблети. Доза од 500 мг парацетамол во Rhinostop® HOT ќе делува посилно и подолго од другите слични препарати што можете да ги најдете во аптеките. Rhinostop® HOT брзо и ефикасно ќе ги отстрани непријатните симптоми и ќе можете да продолжите да ја работите својата работа, непрекинато и без прекини.

Rinostop HOT

Ме привлекуваат реклами за разни производи за третман на настинки кои содржат витамин Ц, како и совети дека во третманот на такви акутни состојби пожелно е да се земаат поголеми количини на витамин Ц. Затоа, ме интересира дали витаминот Ц е неопходна компонента во ваквите производи и дали дали е подобро да се зема витамин Ц од природно потекло? Дали витамин Ц е дел од  Rhinostop® HOT?

Многу производи наменети за лекување на симптоми на настинка и грип содржат витамин Ц. Овие производи најчесто се во форма на шумливи таблети или гранули во кесички и се наменети за употреба во топол напиток, најчесто чај и вода. Сепак, досега нема цврсти научни докази дека витаминот Ц (во количини кои најчесто се наоѓаат во комбинирани третмани со настинка) лечи или го намалува времетраењето на вирусни инфекции, кои вклучуваат грип и настинка. Покрај тоа, витаминот Ц е чувствителен на топлина, а температурите над 60 ° C го уништуваат и го прават неефикасен, што ја доведува во прашање можноста за употреба на витамин Ц во топли пијалоци и други форми на некои производи што се користат за лекување на симптоми на настинка и грип. Така, улогата на витамин Ц во третманот на вирусни инфекции на горниот респираторен тракт не е докажана, а Rhinostop® HOT не содржи витамин Ц.

 

Контакт

Булевар Партизански Одреди Бр. 101 Скопје, 1000 Скопје,

389 2 3090 255

info@rhinostop-hot.ba





Your browser does not support JavaScript!. Please enable javascript in your browser in order to get form work properly.